четврток, јануари 29, 2026
Дома БАЛКАН Вучиќ: Нема да се менува Уставот за мое повторно кандидирање за претседател

Вучиќ: Нема да се менува Уставот за мое повторно кандидирање за претседател

22

Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска нагласи дека нема да го менува Уставот за повторно да се кандидира за претседател на Србија, а кога станува збор за парламентарните избори, рече дека ќе се бори да ги спречи блокадерите да победат, бидејќи тие би ја уништиле Србија.

„Повеќе не можам да се кандидирам за претседател на Републиката. Сите мислеа дека не ја кажувам вистината. Нема да го менувам Уставот по тоа прашање, бев претседател на Србија во два мандата од по пет години. Што и да каже некој, тоа е тешко време и во тоа тешко време, време на најголемиот напредок на Србија“, изјави Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ