Српскиот претседател Александар Вучиќ денес во 13 часот ќе има вонредно јавно обраќање во врска со пожарот пред Народното собрание.
Инаку, денеска избувна голем пожар во Пионирскиот парк, таканаречениот „чациленд“, а според првичните информации од местото на настанот, се слушнале истрели, а едно лице е повредено, а едно е приведено.
Според првичните информации, пожарот е локализиран, а Владан А., 70-годишен, е приведен.
Ранет е 58-годишен маж.
Инцидент пред српското Собрание: Пожар и пукање во „Чациленд“, еден повреден и еден уапсен/ВИДЕО












