Наместо 436 евра, колку што изнесува денеска просечна пензија, таа ќе изнесува 485 евра. Тоа е прекрасна вест за нашите најстари граѓани. Од 1 декември, почитувани граѓани на Србија, пензиноери, наши драги татковци, мајки, дедовци, баби, ќе имате пензија зголемена за 12,2 отсто, изјави Вучиќ обраќајќи ѝ се на јавноста во Палата Србија по повод новите мерки на државата во корист на Србија.
Тој потсети дека минатиот демекври пензиите беа зголемени за 10,9 отсто и тоа, како што нагласи, во однос на ноември се вкупно кумулативно 24,4 отсто зголемување на пензиите.
Претседателот Вучиќ најави дека од 1 октомври ќе се зголемат платите во здравствениот и во образовниот сектор, за по 5 отст како и дека тогаш ќе биде направено вонредно зголемување на минималната заработувачка од 9,4 отсто.
„На тоа зголемување на минималната плата доаѓа и зголемувањето од 1 јануари во износ од 10,1 отсто. Со зголемувањето на минималната плата од 13,7 оѕсто од 1 јануари оваа година, тоа е кумулативно зголемување на мимималецот во однос на декември 2024 година од дури 37 отсто, рече Вучиќ.
Тој укажа дека нето платата на медицинските сестри во јануари 2025 година изнесува 740 евра, а по зголемувањето на платите ќе биде 778 евра.
Платата на лекарите беше 1.371 евро, а ќе биде 1.440 евра. Наставниот кадар со седми степен стручна спрема, значи, воспитувачите, учителите, наставниците во основните училишта и во средните училишта, наставниците по практична настава со оодделенски наставници во евра платата им беше 923 евра, а ќе биде 969 евра. Со зголемувањето од 1 јануари, то зачајно ја надминува платата од 1.000 евра. Само сакам да го знаете и тоа и тоа е , се разбира, прв пат во историјата на Србија, рече вучиќ.
Тој додаде дека платата на наставниот кадар со седми степен стручна спрема без функција на класен раководител, ќе биде зголемена од 862 евра ба 906 евра и дека ќе биде речиси 1.000 евра по дополнителното зголемување во јануари.