Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека Воената разузнавачка агенција го информирала дека неговиот разговор со Дијанa Хркa е снимен без овластување, но дека нема да гони никого бидејќи е горд на сè што кажал во таа пригода.
Вучиќ на телевизија Пинк изјави дека разговорот со мајката на младиот човек кој почина кпри уривањето на настрешницата на железничката станица во Нови Сад бил учтив и траел долго време.
Тој рече дека ѝ дал одговори на Хрка на нејзините прашања и дека негова желба е да „се стави крај на агонијата на жена која го изгубила своето дете“, но дека „нема брзи и лесни решенија“, пренесува Nova.rs.
Тој изјави дека не сака да ја раскажува содржината на тој телефонски разговор.
„Нема да кажам каков бил разговорот, но беше учтив. За некои работи се согласивме, за некои не“, рече Вучиќ, додавајќи дека воената разузнавачка служба му рекла дека го прислушкувале тој разговор, што е кривично дело.












