epa11768567 Serbian President Aleksandar Vucic speaks to the media following talks with German Chancellor Olaf Scholz (not pictured) over lithium mining in Freiberg, Germany, 10 December 2024. EPA-EFE/SEAN GALLUP / POOL

Барањето за  предвремени парламентарни избори до Видовден или граѓанска непослушнопст- ќе кулминира денеска кога главниот град на Србија – Белград, денеска ќе биде преплавена од студенти и граѓани кои ќе испратат порака до српските власти дека време е за промени. Протестот се очекува да започне попладнево од повеќе локации на градот ќе заврши на плоштадот Славија.

Денешниот протест е кулминација на повеќемесечните студентски демонстрации, а организаторите поставија два јасни барања: распуштање на парламентот и распишување вонредни избори, како и прекин на долгогодишниот протестен камп на студентите во Пионирски парк. Доколку барањата не се исполнат до 21 часот, најавија дека „не можат да ја предвидат реакцијата на граѓаните“ и повикаа на можни акции на граѓанска непослушност.

За дел од српските експерти протестите се одраз на реалната слика за тоа што се случува во државата, додека пак за универзитетскит професор и правник Бојан Пајтиќ денешниот протест е јасен знак дека е време властите во Белград да го слушнат гласот на народот.

„Додека овие луѓе се на власт, не можеме да се наречеме безбедна, модерна или европска држава. Денес треба да покажеме решителност и храброст. Денес конечно се чувствувам како што се чувствував на 5 октомври. За мене е сосема неважно какви ќе бидат последиците за мене, туку што ќе испратиме како порака, а треба да ја испратиме пораката дека денес сме мнозинство Србија.“ изјави Пајтиќ

За претседателот на Србија, Александар Вучиќ денешните видовденски протести се бесмислени и нема да дадат никакви резултати, тој порача дека државата ќе биде одбранета и кажа дека  очекува насилство.

,,Ќе има наслиство. Тие не можат да го избегнат тоа, но верувам дека нема да дадат резултат, па кој ќе го слуша Бодирога, Кокановиќ или Перишиќ несреќниот? Така што, нема од што да се плашиме, нема да има ништо важно, но ние сме спремни, по наши процени од 21 часот се очекува насилство, но повторувам ние сме спремни,, изјави Вучиќ.

ИЗДВОЕНИ