Претседателот Александар Вучиќ изјави дека Србија „влегла во изборна година“ и дека единственото прашање е дали претседателските избори ќе се одржат заедно со парламентарните.
„Влегуваме во изборна година, ќе имаме избори најдоцна за една година“, изјави Вучиќ пред новинарите во селото Толиќ во близина на Мионица, пренесе „Бета“.
Вучиќ рече дека сега останува да се подготват за изборите и да се види кој ќе учествува на нив, колку листи и кои кандидати.
Тој уште еднаш рече дека Српската напредна партија (СНС) успеала да победи на локалните избори во Сечањ, Мионица и Неготин „и покрај една година терор и невозможни услови“ за кои ги обвини претставниците на опозицијата.
„Никогаш не сум задоволен (со резултатите од изборите) и секогаш барам повеќе. И сè е лесно за нив (опозицијата). Ќе доведат бандити и ветерани, ќе тепаат луѓе по кафулиња… Што друго прават – ништо! И секогаш се морални победници. Само победувајте вака и ние ќе правиме вака“, рече Вучиќ.
Вучиќ исто така рече дека, и покрај изборната победа, СНС мора детално да анализира каде можело да се направи повеќе и што треба да се постигне за да се подобрат резултатите.
„Ќе мора да направиме големи и значајни промени“, рече Вучиќ












