Вучиќ и Путин во Пекинг: Руските компании добредојдени во Србија, остануваме неутрални!/ВИДЕО

289

Српскиот претседател Александар Вучиќ се сретна со рускиот претседател Владимир Путин во Пекинг, а разговорот се водеше на руски јазик.

Вучиќ му се заблагодари на Путин за неговата поддршка на територијалниот интегритет на Србија и пријателството кон српскиот народ, потсетувајќи се на својата посета на Москва на 9 мај по повод Денот на победата, тој испрати силна порака на руски јазик на својот Инстаграм профил.

„Соработката со Русија на највисоко ниво, во сите области, е многу важна за Србија. Се надеваме дека не само што ќе ја зачуваме, туку и ќе ја подобриме. Енергијата е клучна – снабдувањето со гас е од витално значење за нас, а со изградбата на гасоводот до Унгарија, значително го зајакнавме енергетскиот систем“, истакна Вучиќ.

Тој додаде дека сите руски компании се добредојдени во Србија, вклучувајќи ги РЖД и Росатом, и изрази желба да продолжи соработката со нив. Тој исто така нагласи дека Србија била изложена на притисок од почетокот на украинската криза, но успеала да ја зачува својата принципиелна позиција, бидејќи е единствената европска земја што не вовела санкции врз Русија.

ИЗДВОЕНИ