Српскиот претседател Александар Вучиќ годинава им се обратил на граѓаните повеќе пати отколку што годината има денови, односно – дури 400 пати.
Како што објави „Вистиномер“, оваа година имало 400 обраќања на Вучиќ на кабелските и националните телевизиски канали. Мониторингот на CRTE покажа дека во 2024 година тој бил на малите екрани повеќе од 330 пати.
Податоците на CRTE за периодот од 1 јуни 2022 година до 31 мај 2023 година се слични, кога претседателот имал 300 директни обраќања на националните телевизиски канали, а кога добил речиси две третини од вкупното време посветено на политичките актери во главните вести.
Моќта и монополот на владејачката партија и претседателот на Србија во медиумите се демонстрира и со ситуацијата во јануари 2024 година, кога јавното обраќање на Вучиќ и презентацијата на планот „Србија 2027 – Скок во иднината“ беа емитувани на 48 канали истовремено, објавија медиумите.












