Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дека почнал да размислува за својот наследник, но дека нема да го менува Уставот за да остане на функција.
На форумот „Beltalks: Економски разговори во Белград“, тој рече дека е уморен, но размислува и за улогата на премиер, објави Блиц.
„Можам да бидам премиер, но за тоа ви е потребна јавна поддршка и јас треба да донесам таква одлука. И не е лесно за ниту едно прашање. Како што секогаш им велам на моите соработници, не бидете оптимисти, не го потценувајте вашиот противник. Но, јас сум уморен и исцрпен и би сакал некој друг да ја врши таа работа во иднина“, порача Вучиќ.












