По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.06.25 денеска по операциите за пуштање, Блок 2 е синхронизиран на електродистрибутивна мрежа во 18:18.
-По неколкудневните напори за санација на ормарот за електро управување на Блок 2 кој беше опожарен на 18.6.25 денеска по соодветните стручни операции за вклучување во мрежата, Блок 2 е синхронизиран со електродистрибутивна мрежа во 18:18, потврдија од РЕК „Битола“.
Сомнежот за саботажа во РЕК Битола го истражуваше МВР и се очекува информација од спроведената истрага.
Блокот беше надвор од мрежата од 18 јуни поради пожар во близина на ормарот за електронско управување.