вторник, јануари 27, 2026
Дома СКОПСКА Втора компилациска плоча „Welcome to Ѓорче Петров“

Втора компилациска плоча „Welcome to Ѓорче Петров“

113

Со објавувањето на втората компилациска плоча „Welcome to Ѓорче Петров“, заедно со минатогодишната „This Is Gjorce Petrov, Not Skopje!“, се заокружува проектот за систематско документирање и архивирање на музичкото минато на Ѓорче Петров.

-Со овие две изданија, Ѓорче Петров стана првата општина во Република Македонија со две официјални компилациски плочи посветени исклучиво на сопственото музичко наследство. На компилациите се застапени околу 25 бендови, чии снимки претставуваат автентичен звучен документ за различни периоди од развојот на локалната урбана сцена – соопштија од локалната самоуправа.

Оттаму додаваат дека проектот е резултат на долгогодишната истражувачка и архивска работа на Тошо Филиповски, познат познавач на домашната алтернативна сцена, благодарение на кого е создадена значајна звучна архива од локалната музичка историја.

Градоначалникот на Општина Ѓорче Петров, Александар Стојкоски, во континуитет дава поддршка на иницијативи што ја афирмираат домашната уметничка сцена и локалните автори, а Општината се вбројува меѓу ретките локални самоуправи кои системски ги поддржуваат ваквите културни процеси.

Најавено е дека проектот ќе продолжи со нова компилација што ќе го опфати периодот 2000–2010 година.

ИЗДВОЕНИ