Втора фаза од уредувањето на коритото на реката Мала Рада

54

Во тек е реализацијата на втората фаза од уредувањето на коритото  на реката Мала Рада, а паралелно се одвива и партерното уредување на просторот.

Градоначалничката на Општина Кисела Вода, Бети Стаменкоска- Трајкоска, истакна дека со изведбата на потпорните конструкции, рехабилитацијата на бетонските профили и со стабилизацијата на косините се обезбедува поголема пропусност на водотекот и значително се намалува ризикот од поплави, особено во зимскиот и во пролетниот период.

Следните активности опфаќаат поставување еколошки светилки и зазеленување на просторот, со што овој дел од Драчево ќе добие уредена и безбедна јавна површина за рекреација и одмор на младите и на жителите од овој дел на градот.

Проектот се спроведува со финансиска поддршка од Владата на Република Македонија, преку програмата за капитални вложувања во општините, обезбедена со средства од унгарската кредитна линија.

Реката Мала Рада се протега низ целото село Драчево, во должина од околу 2,5 километри, сè до нејзиното влевање во реката Вардар, што ја прави оваа интервенција од клучно значење за безбедноста и за квалитетот на живот во овој дел од Општината.

 

ИЗДВОЕНИ