Втора фаза од реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“

33

Од Општина Кисела Вода информираат дека е во тек втората фаза од реконструкцијата на улицата „Ѓорѓи Димитров“, една од најзначајните сообраќајници во општината и во Скопје.

– Првиот дел од улицата, на потегот од „Народни Херои“ до „14 Декември“ е завршен со нов асфалт, тротоари и современ паркинг кај Домот за слепи лица „Димитар Влахов“, со капацитет од околу 40 возила. Сега се работи на вториот дел, од „Народни Херои“ до „Божидар Аџија“, каде што се врши целосна реконструкција со ново асфалтирање и изградба на пешачки површини со павер-елементи – соопштија од Општина Кисела Вода.

Оттаму додаваат дека со оваа инвестиција, улицата добива нов и модерен изглед, а жителите на овој дел од Кисела Вода и Скопје конечно ќе добијат подобри услови за живот и поудобен, побезбеден сообраќај.

Овој проект, поддржан од Владата на Република Македонија преку Министерството за транспорт и врски, е дел од програмата за реализација на капитални проекти.

ИЗДВОЕНИ