Втор ден од судењето за сексистичко кибер вознемирување на Брижит Макрон – ќерката изрази жалење пред судот поради влошеното здравје на првата дама

79
epa11764502 French President Emmanuel Macron and his wife Brigitte Macron attend the inaugural Mass, with the consecration of the high altar, at the Notre-Dame de Paris Cathedral in Paris, France, 08 December 2024. The Notre Dame de Paris Cathedral reopened on 07 December after nearly six years of renovation work following its destruction by a fire on 15 April 2019. EPA-EFE/SARAH MEYSSONNIER / POOL MAXPPP OUT
Тифер Озиер, ќерката на Брижит Макрон, сопругата на францускиот претседател, која беше мета на дезинформации дека е родена како маж, изрази денеска жалење поради „влошеното здравје на нејзината мајка“ на вториот ден од судењето за кибер малтретирање на првата дама на Франција.

Во Париз вчера почна дводневно судење против десет обвинети за сексистичко кибењр вознемирување на првата дама. Осум мажи и две жени се пред Кривичниот суд во Париз.

„Сопругата на шефот на државата е принудена да биде внимателна во врска со облеката (што ја носи), држењето, затоа што знае дека нејзиниот имиџ може постојано да биде злоупотребен“, рече нејзината ќерка Тифен, 41-годишна адвокатка, во текот на сведочењето пред Кривичниот суд.

Отсутна од судењето, Брижит Макрон на истражителите им кажала дека гласовите дека имале „многу силно влијание врз нејзината околина ио на самата неа, додавајќи дека и нејзините внуци слушнале за приказната дека „нивната баба е маж“.

На обвинителната клупа е Делфин Ж. (51), позната под псевдомимот Амандин Роа, која се претставува како медиум, новинар и информатор..

Таа одигра главна улога во ширењето на гласовите дека Брижит Макрон, родена Тронје, е всушност трансродова жена по име Жан-Мишел по раѓање. На судењето го искористе своето право на молчење.

Тоа судење следеше по пет месеци откако Макрон поднесе тужба за клевета во САД по ширењето гласови дека сопругата на францускиот претседател е родена како маж.

Обвинетите на социјалните мрежи изнесуваа разни навредливи коментари за првата дама во врска со нејзиниот „пол и сексуалност“, дури наведуваа дека поради големата разлика во години меѓу сопружниците постои и веројатност за „педофилија“.

Меѓу оние кои се гонат се публицостот Орелиен Поарсон-Атлан, (41), познат на социјалните мрежи под псеводимот „Зое Саган“

Неговиот профил на платформата „Икс“ сега е забранет, а веќе беше мета на неколку жалби и редовно се поврзува со теории на заговор.

Француските медиуми претходно пренесоа дека во текот на изминатите четири години, гласовите дека сопругата на претседателот на Франција е маж продолжиле да се шират.

Овој судски случај во Франција доаѓа во услови на зајакната законска рамка против онлајн насилството.

Судските власти повторија дека сексистичкото кибермалтретирање е кривично дело, без оглед на статусот на засегнатите лица.

ИЗДВОЕНИ