„Вшмукан во облаците“: Кинез преживеал случаен лет со параглајдер на 8.500 метри/видео

489

Пенг Јуџијанг, 55, од Кина, преживеал несреќа со параглајде која случајно го вивнал на околу 8.500 метри. Тој тестирал нова опрема на околу 3.000 метри над планинскиот венец Килијан Шан во северозападна Кина, кога воздушна струја го влечела на околу 8.500 метри. Феноменот е познат како „вшмукување облаци“.

Сето тоа го снимил со камера монтирана на неговиот параглајдер, а снимката станала вирална на Доуџин, кинеската верзија на „ТикТок“.

Видеото го покажува Пенг како ги држи контролите на параглајдерот, лицето и поголемиот дел од телото му се покриени со ледени кристали.

„Беше застрашувачки. Сè беше бело. Не можев да гледам во ниту еден правец. Без компас, не би знаел каде одам. Мислев дека летам право, но всушност се вртев“, изјавил тој за China Media Group (CMG).

Пенг едвај преживеал бидејќи нивото на кислород е ниско на таа надморска височина, малку пониско од врвот на Монт Еверест (8.849 метри). И температурата може да падне до минус 40 степени Целзиусови.

„Сакав брзо да се симнам, но едноставно не можев. Ме креваше сè повисоко и повисоко сè додека не се најдов во облаците“, рече тој, пренесува „Би-би-си“.

Кинеските власти го истражуваат инцидентот, а Пенг е суспендиран шест месеци бидејќи летањето не му било дозволено, објави државниот весник „Глобал тајмс“. Во текстот понатаму се наведува дека тој немал намера да лета тој ден, туку само да ја тестира удобноста на параглајдерот на земја.

Сепак, силните ветрови го кренале од земја и станале посилни, сè додека не наишол на струја што го влечела во облаците.

ИЗДВОЕНИ