Вселенски брод од советската ера би можел неконтролирано да се урне на Земјата следната недела

50
Фото: pexels

Вселенско летало од советската ера, лансирано во раните 1970-ти со цел да слета на Венера, наскоро би можело неконтролирано да падне назад на Земјата, предупредуваат експертите за следење на вселенски отпад.

Сè уште е прерано да се каже со сигурност каде би можела да падне металната маса, тешка речиси половина тон, ниту колку парчиња би можеле да преживеат влегувањето во атмосферата на Земјата.

Холандскиот научник Марко Лангброек предвидува дека вселенското летало повторно ќе влезе во атмосферата околу 10 мај, со брзина од околу 242 километри на час, доколку остане недопрено.

„Иако ризик постои, не треба да паничиме. Објектот е релативно мал и дури и ако не изгори во атмосферата, ризикот е сличен на оној од метеорит, што се случува неколку пати годишно. Поголема е веројатноста да ве удри гром отколку ова летало. Иако шансите објектот да удри во лице или населено место се мали, сепак не можат целосно да се исклучат“, рече Лангброк во изјава за медиумите.

Вселенското летало познато како Космос 482 беше лансирано во 1972 година како дел од советската мисија на Венера, но поради дефект на ракетата, никогаш не ја напушти Земјината орбита.

Повеќето од парчињата се распаднаа во рок од десет години, но експертите веруваат дека сферичната капсула, со дијаметар од околу еден метар, сè уште е во орбитата, каде што полека губи висина веќе 53 години.

ИЗДВОЕНИ