Преоден светлосен настан (TLE), познат и како спрајт, неодамна беше забележан за време на минување на Меѓународната вселенска станица во орбитата на Земјата над Мексико и САД.
Тоа е електрично празнење што се јавува над облаците и е предизвикано од интензивна електрична активност при грмотевици подолу, пишува N1.
Спрајтот е една од неколкуте форми на „вселенска молња“, кои, за разлика од оние што ги гледаме, се јавуваат над бурите и се насочени кон стратосферата, т.е. подалеку од Земјата.
Преодните светлоски настани обично се јавуваат во парови со атмосферски празнења од облаците кон Земјата. Тие можат да бидат „син млаз“, „спрајт“ и „елв“ – диск што се шири.
Спрајтите се најчестите електрични празнења на горната атмосфера и се јавуваат во мезосферата на Земјата, на надморска височина до 80 километри. Тие се феномени што се појавуваат над многу активни и силни бури.