Територијата на Македонија се наоѓа под влијание на умерен топол бран со потекло од Африка и истиот условува да имаме пријатни летни температури на воздухот кое се околу просекот за овој период од годината. Сепак атмосферата не е во целост стабилна, па во попладневните часови се создаваат услови за развој на локална нестабилност проследена со пороен дожд, грмежи и со засилен ветер.
Така, Македонија денеска ја очекува претежно сончево време со изолирана појава на нестабилност, а во четврток на повеќе места е можна нестабилност со пороен дожд, грмежи и засилен ветер.
Локално денеска и утре процесите ќе бидат поинтензивни во форма на невреме со пообилен пороен дожд, електрични празнења, силен ветер (над 60 km/h) и услови за појава на град.
Од петок ќе настапи преодно стабилизирање на времето, соопштуваат од Управата за хидрометеоролошки работи.













