Вртена пита со паричка за Василица

922

Православните верници ги прават последните подготовки за дочекот на Стара Нова година и празникот Василица. На Василица се крши леб или пита со паричка, која се верува дека носи среќа и бериќет.

Потребни состојки:

За филот:

65 мл сончогледово масло

100 г сенаменско брашно

400 мл млеко

65 г павлака

1 јајце

200 г фета сирење

20 г рендан, тврд кашкавал

За питата:

450 г кори за пита

60 мл сончогледово масло за премачкување

Начин на подготовка:

Во тава, на тивок оган, ставете го маслото измешано со брашното за филот. Константно мешајте. Кога ќе добие смесата златеста боја, постепено додавајте од млекото. Варете и мешајте додека да добиете кремаста смеса. Тргнете го тоа од огнот и оставете да се лади неколку минути. Додајте ги павлаката, јајцето, фета сирењето и ренданиот кашкавал. Загрејте ја рерната на 210 степени. Подмачкајте една овална тава со малку масло. Земете една кора и намачкајте ја со масло, со помош на четка. Ставете од филот на едниот раб, како на сликата, и потоа почнете да ја замотувате кората во ролна. Направените ролни наредете ги во тавата, почнувајќи од крајот кон средината. Ставете паричка. Премачкајте со масло одозгора. Печете ја питата 10-ина минути на 210 степени, потоа намалете ја температурата на 180 степени и печете ја уште 20-30 минути.

ИЗДВОЕНИ