„Прикажувањето на полот на сопственикот на пасошот при раѓање не гри прекршува принципите на еднаква заштита повеќе од прикажувањето на неговата земја на раѓање“, рече судот.
Уште прв ден на власт, Трамп потпиша извршна уредба со која се признаваат само два пола, што доведе до тоа САД да издаваат пасоши само со машки или женски ознаки, врз основа на полот на личност забележан при раѓање.
Администрацијата на Бајден им дозволи на луѓето сами да си го изберат полот во пасошите и да додадат трета опција „Х“ во владиниот документ, кој го издава Стејт департментот.
Победата на администрацијата на Трамп значи дека поединци нема да можат повеќе да го прикажваат својот избран идентитет на новите или обновените пасоши во блиска иднина.
Во наредбата се наведува дека владата „само го потврдува историскиот факт без подложување на каков било различен третман“.
Обвинителите во овој случај тврдат дека ограничувањата во областа на родот претставуваат вознемирување кое може да доведе до насилство над трансродовите лица.












