Врховниот лидер на Иран ги осудува протестите: Демонстрантите му угодуваат на претседателот на друга земја

90

Врховниот лидер на Иран, ајатолахот Али Хамнеи, денеска изјави дека Исламската Република нема да попушти пред протестите, обвинувајќи ги за немирите во земјата „странските елементи кои се обидуваат да ја дестабилизираат земјата“.

„Секој треба да знае дека Исламската Република дојде на власт со крвта на стотици илјади чесни луѓе и нема да попушти пред саботерите“, рече Хамнеи во говорот на државната телевизија.

Зборувајќи за протестите во Техеран, тој рече дека демонстрантите протестираат за да му угодат на американскиот претседател.

„Тие сакаат да го направат среќен. Ако знаеше како да ја води земјата, ќе ја водеше својата. Рацете на американскиот претседател се извалкани со крвта на повеќе од 1.000 Иранци“, рече Хамнеи, коментирајќи ги нападите на САД врз иранските нуклеарни постројки во јуни.

Тој додаде дека има многу проблеми во рамките на Соединетите Американски Држави, објавува „Иран Интернешнл“.

„Драги млади луѓе, бидете подготвени и обединети. Обединетата нација ќе го победи секој непријател“, рече иранскиот верски лидер.

Протестите поради економските тешкотии продолжија и денеска низ целиот Иран.

Иран гори, официјален Техеран го прекина молкот

ИЗДВОЕНИ