Времето ќе стопли од утре, но не како за втората половина на мај!

22

Во текот на новата седмица која ни претстои, односно во периодот од понеделник (19 мај) до недела (25 мај) во Македонија ќе биде потопло, особено преку ден, но некое големо затоплување и температури кои доликуваат за втората половина на месец мај не очекувам, пишува Славчо Попоски во најновата метеоанализа.

Температурите речиси насекаде ќе надминуваат 20 степени, додека во Повардарието тие очекувам да надминат  и 25 степени. Сепак наутро ќе биде се уште ладно, особено во почетокот на седмицата.

Времето, особено во претпладневните часови ќе биде претежно стабилно, суво и со сончеви периоди. Во попладневните часови атмосферата ќе се дестабилизира, и локално ќе се развиваат грмотевични облаци од кои очекувам појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално, не ја исклучувам можноста  и за појава на краткотрајно невреме.

И во делови од Скопскиот регион во текот на седмицата во попладневните часови, повремено очекувам развој на грмотевични облаци од кои очекувам појава на краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер.

ИЗДВОЕНИ