Поради одржувањето на „Скопскиот маратон 2025“, в недела, Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќај. Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници.
„Скопскиот маратон 2025“ ќе започне во 08:00 часот, со следните траси на движење: траса на движење на трката од пет километри – старт на улицата „11 Октомври“ (кај зелен пазар), право по улицата „11 Октомври“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, полукружно на крстосницата помеѓу булевар „Трета македонска бригада“ и улицата „Васко Карангелевски“ и по истата траса назад до целта – плоштад „Македонија“ на улица „11 Октомври“ и траса на движење на маратонот, полумаратонот и штафетната трка (по наведената траса за штафетната трка и маратонот натпреварувачите се движат два пати) – старт Собрание на улица „11 Октомври“, право кон „Рекорд“ односно по улица „Димитрие Чуповски“, право по булеварот „Митрополит Теодосиј Гологанов“, право по улица „Војвода Васил Чакаларов“, сè до крстосницата со улицата „Ангел Динев“ каде што се врти полукружно назад по истата траса сè до Собрание на улица „11 Октомври“ и се продолжува право по улица „11 Октомври“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по улица „Васко Карангелевски“, десно по булевар „Јане Сандански“ сè до крстосница со булевар „Србија“, каде се врти полукружно и во истата коловозна лента назад по булевар „Јане Сандански“, сè до крстосницата со булевар „Кузман Јосифовски Питу“, каде што се врти полукружно назад во истата коловозна лента до крстосницата со улица „Васко Карангелевски“, десно по улица „Васко Карангелевски“, десно по булевар „Трета македонска бригада“, лево по булевар „Крушевска Република“, десно по улица „11 Октомври“ до целта – плоштад „Македонија“.
МВР апелира до граѓаните да ги почитуваат наредбите што ги издаваат полициските службеници по сообраќајниците каде ќе се одвива настанот.