среда, февруари 4, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Времен кружен тек на влезот во Битола од страната на Прилеп

Времен кружен тек на влезот во Битола од страната на Прилеп

57

На влезот во Битола од страната на Прилеп поставен е времен  кружен тек.  Од Јавното претријатие „Паркинзи“- Битола информираа дека е поставена нова времена хоризонтална сигнализација и нов кружен тек на булеварскиот влез во Битола и апелираат внимателно  возење од страна на возачите.

Новиот времен кружен тек е во непосредна близина на фудбалскиот стадион во Горно Оризари и е со цел да се зголеми безбедноста во сообраќајот во период кога интензивно се гради булеварскиот влез во Битола од северната страна на градот, односно од Прилеп.

 

ИЗДВОЕНИ