epa12724685 The Austrian team (from L) Lisa Eder, Julia Muehlbacher, Jan Hoerl and Stephan Embacher watch the jumps of the competition in the final round in the Mixed Team Normal Hill of the Ski Jumping competitions at the Milano Cortina 2026 Olympic Games, in Predazzo, Italy, 10 February 2026. EPA/FILIP SINGER

Една од земјите што котираат добро во зимските спортови е Австрија, која освои 18 медали на годинашните Зимски олимписки игри, од кои пет се златни, осум сребрени, а пет бронзени. Иако се на врвот по бројот на медали, австриската јавност е тотално незадоволна.

Австријците се особено повредени од фактот што освоија само по едно злато во алпско скијање и во ски-скокови. Во алпско скијање, тие освоија злато во тимската алпска комбинација, а во ски-скокови – во машкиот супертим, по скандалозната одлука и прекинот на шестата серија по повеќе од 50 % од натпреварувањето, поради проблеми со ветрот и со снегот.

Австриската јавност е разочарана од настапите, иако си одат дома со полна вреќа со медали. Сегашните 18 медали, од кои пет се златни, се сметаат за неуспех во Австрија.

„Ова е ужас, а ние сме алпска земја!“, „Срам, еден единствен медал во скијање“, „Ужас, катастрофа, но не е важно, кога ќе почнете посериозно да инвестирате, ќе има резултати“, се само дел од коментарите на австриските навивачи на социјалните мрежи.

Сепак, има и пофалби и тие се за санкањето.

Во санкање, Австрија освои четири медали, три сребрени и еден бронзен, што, секако, беше чекор напред.

 

ИЗДВОЕНИ