Како што пренесува „Форбс“, клучната причина е големиот пад на акциите на неговата медиумска и технолошка групација ТМТГ поради нестабилност на пазарот.
Вредноста на акциите на ТМТГ на затворањето на американските берзи во петокот изнесуваше 10,33 долари, што е блиску до историскиот минимум.
Во септември „Форбс“ ги процени сопственостите на Трамп на 7,3 милијарди долари.
Американскиот претседател тогаш беше на 201-то место на глобалниот список на милијардери.
На крајот на мај, ТМТГ соопшти дека планира собирање на околу 2,5 милијарди долари за купување биткоини, што тогаш беше најавено како стратешки исчекор на компанијата кон диверзификација и проширување на нејзината зависност од дигитални средства.
Вредноста на биткоинот во меѓувреме падна на седуммесечен минимум поради повлекувањето на инвестииции во ризичен имот, меѓу кој се и криптовалутите.












