Поранешниот американски тенисер Џон Иснер апелираше до тениските организации да го укинат правилото, кое го смета за бесмислено. Рекордерот по број на асови во историјата, кој го погоди најбрзиот сервис во историјата на Тур (253 км/ч) и го доби најдолгиот меч досега, се огласи поради руските тенисери.
„Можат ли на руските тенисери да им ги вратат знамињата? Ова е малку смешно“, напиша тој на Твитер.
Од 2022 година, кога започна војната меѓу Русија и Украина, руските и белоруските тенисери можат да се натпреваруваат, но не под знамињата на нивните земји, ниту пак нивните амблеми можат да бидат прикажани на облеката што ја носат.
Наместо тоа, покрај нивното име се прикажува неутрално бело знаме или, поради различната позадина на Отвореното првенство на Австралија, сино.
Затоа врвните тенисери не можат да настапуваат под националните симболи: Данил Медведев, Андреј Рубљов и Карен Хачанов, Арина Сабаленка, Дарија Касаткина, Дијана Шнајдер, Ана Калинска и Мира Андреева.