сабота, февруари 7, 2026
Дома МАКЕДОНИЈА Вратен украден златен накит од две кражби

Вратен украден златен накит од две кражби

Голем улов на гостиварската полиција

227

Гостиварската полиција, во последните денови, успешно расветли два случаи на кражби со украден златен накит и пари, вредни вкупно околу 74.000 евра.

Првиот случај се случи на 22 декември, кога 45-годишната М. С. од селото Калиште е лишена од слобода поради сомнение дека истиот ден извршила кражба во куќа во село Градец, сопственост на 49-годишната Х. А. Притоа одзела златен накит во вредност од околу 9.000 евра. Одземениот накит веќе ѝ е вратен на сопственичката. Осомничената е задржана во полициска станица, а по документирање на случајот, против неа ќе следува соодветна пријава.

Во вториот, посериозен случај, гостиварската полиција расветли тешка кражба од 14 декември во куќа на 58-годишниот Ф. М. од Гостивар, при што биле украдени пари и златен накит во вредност од околу 65.000 евра. На 20 декември од слобода биле лишени А. З. (24) и М. З. (27) од Гостивар, како и Н. И. (24) од Тетово, кои се сомничат дека ја извршиле кражбата. При претрес во домот на едно од приведените лица, пронајден е поголем дел од украденото и со потврда ќе биде вратен на сопственикот.

Приведените во двата случаи се задржани во полициска станица, а по целосно документирање на случаите, против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

 

ИЗДВОЕНИ