Вработените утре нема да издаваат никакви документи

43

По едногодишни неуспешни преговори, Управата за матични книги утре ќе ја бојкотира работа, односно тие ќе бидат присутни на своите работни места, но нема да издаваат никакви документи.

Од Конфедерацијата на синдикалните организации на Македонија (КСОМ) и вработените во Управата за водење матични книги, велат дека, минатата недела се договориле на ваков чекор бидејќи досега нема решение за нивните барања.

Вработените и утре ќе бидат на своите работни места, но нема да издаваат документи, а бидејќи секој од нив заслужува 20 отсто, поради тежината на работата, поради тоа што работат со доверливи документи, но досега нема никаков договор, на минатонеделниот состанок се договоривме да бојкотираме. Еднодневниот прекин за работата на 16 декември е во знак на револт поради долгогодишно непочитување на Колективниот договор и игнорирање на нашите барања за подобри услови и повисоки плати, велат од КСОМ.

Вработените предупредија дека, доколку нема одговор, може да следува и генерален штрајк.

ИЗДВОЕНИ