недела, февруари 8, 2026
Дома СКОПСКА Вработените им помагаат на животните да останат активни, љубопитни и ментално стимулирани

Вработените им помагаат на животните да останат активни, љубопитни и ментално стимулирани

54

Енричментот е начин на кој вработените во скопската Зоолошка градина им помагаат на животните да останат активни, љубопитни и ментално стимулирани. Овој пат во забавниот енричмент уживаше семејството мајмуни од видот макаки со свински опаш.

– Тоа се различни активности, предмети, мириси и предизвици што ги поттикнуваат да се однесуваат природно, да истражуваат, да бараат храна, да се качуваат, да играат и да размислуваат – објаснуваат  од Зоолошката градина.

Оттаму велат дека енричментот е дел од секојдневната грижа и важен чекор за поквалитетен живот на животните.

 

 

ИЗДВОЕНИ