Бараат исплата на платата за август, на регресот и на наградите

43

Вработените од јавното претпријатие „Паркови и зеленило“, како и од неговите фирми „Флораком“ и „Луна“, денеска организираа протест пред претпријатието и пред канцеларијата на скопската градоначалничка Данела Арсовска. Тие бараат да им се исплати платата за месец август, регресот и јубилејната награда за 2022 година и новогодишните награди.

– Беше договорено тоа да биде сукцесивно, роковите одамна поминаа. Сега има и застарување на побарувањата. Во континуирана комуникација со сегашното раководство на „Паркови и зеленило“, сепак успеавме да ги доближиме разликите меѓу платите наназад, но сега немаат земено плата за август, а набрзо ќе немаат и здравствено осигурување – изјави претседателот на независниот синдикат на државната администрација, Горан Ристески.

Посочи дека бараат Град Скопје да обезбеди парични средства за услугите што ги вршат ЈП „Паркови и зеленило“, „Флораком“ и „Луна“, односно средства за плата и друг додатоци на плата, како и регрес, јубилејна награда и новогодишен додаток. Тие се обиделе да разговараат со градоначалничката на Град Скопје, но не ги примила, а не можеле да воспостават контакт ниту со директорот на „Паркови и зеленило“, кој е одговорен и за „Луна“.

Се заканија дека ќе продолжат со протести доколку не се исполнат барањата согласно со закон, но и оти не се исклучени и порадикални мерки, меѓу кои и бел штрајк.

 

ИЗДВОЕНИ