Возот „Еуростар“ кој сообраќа од Париз до Лондон и превезува повеќе од 800 патници, од денеска утрината остана заглавен во Роделинген, поради технички проблеми.
„Возот кој доаѓаше ов Брисел, наиде на проблем со напојувањето со струја додека патуваше меѓу Лил и Кале, изјави портпаролката на „Еуростар“, објави „Бета“.
Соочени со оваа ситуација, „Еуростар“ одлучи да отпочне акција на претовар „дол и сложен маневр“, кој се состои од преместување на патниците во друг воз.
„Операцијата е се уште во тек“, нагласи портпаролката.
Дефектот го оневоможи користењето на тоалетите и работата на клима уредите. На социјалните мрежи, многу патници кои конечно успеаја да го напуштат возот, се жалат на недостиг од комуникација со компанијата.