ВОЗНЕМИРУВАЧКО: Две лица убиени за време на пренос во живо во Лас Вегас – кавга помеѓу јутјубери се претвори во крвав напад

178

Полицијата во Лас Вегас истражува смрт на две лица застрелани на една од главните улици во градот, недалеку од познатата фонтана во казиното Белаџио.

„Полициските службеници во патрола слушнале истрели доцна во недела навечер, а потоа пронашле две лица со очигледни прострелни рани на булеварот Саут Лас Вегас“, соопшти полицијата во Лас Вегас, потврдувајќи дека и двете застрелани лица биле прогласени за мртви на местото на настанот, пренесува АП.

Полицијата го опиша пукањето како „изолиран инцидент“ и рече дека е идентификуван потенцијален осомничен.

– Се верува дека осомничените и жртвите биле познаници и биле во расправија на социјалните мрежи пред пукањето, соопшти полицијата во Лас Вегас.

Драматичниот и вознемирувачки инцидент се случил доцна во неделата навечер во Лас Вегас, кога маж, за кој се верува дека е јутјуберот SinCity-MannyWise, отворил оган во близина на познатите фонтани пред хотелот Bellagio, наводно пукајќи во колешката креаторка на содржини Finny Da Legend.

Според медиумските извештаи, првичните извештаи сугерираат дека тој бил една од жртвите заедно со неговата сопруга.

ИЗДВОЕНИ