Возило излетало од коловозот, две лица повредени во сообраќајка на патот Градско-Прилеп

72

На 22.05.2025 околу 09.00 часот во ОВР Кавадарци е пријавено дека на магистралниот пат  Градско-Прилеп, на делница Градско-Фариш, патничко возило „фолксваген голф“ со струмички регистарски ознаки, управувано од М.С.(71) од Струмица, излетало од коловозот.

Во несреќата со тешки телесни повреди се здобил возачот и неговата сопатничка С.С.(73) од Струмица, констатирани во Општата болница Кавадарци.

Извршен бил увид од увидна екипа на ОВР Кавадарци.

ИЗДВОЕНИ