Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден – празник на пост и покајание

18
Фото:википедија

Денес, сабота 27. септември, православните христијани го одбележуваат празникот Воздвижение на чесниот крст, во народот познат како Крстовден. Се празнува во чест на наоѓањето на крстот врз кој бил распнат Исус Христос и во чест на неговото враќање од Персија во Ерусалим. Поради неговата чудотворна моќ крстот е наречен и животворен крст.

Наоѓањето на чесниот крст врз кој бил распнат Исус ѝ се припишува на царицата св. Елена мајката на славниот цар св. Константин Велики, основоположникот на Цариград (Константинопол) и првиот император што ја признал христијанската вера.

Црквата празнува два празника поврзани со чесниот крст, зимскиот Крстовден или Водокрст (18/5 јануари), посветен на стариот обичај според кој на овој ден биле крштевани оние што го примале христијанството, и есенскиот Крстовден, под името Воздвижение на чесниот крст се празнува во чест на наоѓањето на крстот на кој бил распнат Исус Христос. Овој настан ѝ се припишува на царицата Елена, мајката на славниот цар Константин, основоположникот на Цариград (Константинопол).

Во почетокот на четвртиот век Римската империја биле поделена меѓу четири совладари – кесари. Со Италија и престолнината Рим владеел Максцениј, користољубив и свиреп човек кој го искористувал и малтретирал народот. Поради тоа народот побарал помош од Константин, кој во тоа време владеел со териториите каде што денес се наоѓаат Англија, Франција и Шпанија. Царот Константин со својата војска тргнал на Рим и пред борбата со Максцениј во 312 година, еден ден попладне, на небото видел нишан – светол крст и напис: „Ова победува”. Тоа го виделе и неговите војници. Потоа, следната ноќ на царот Константин и во сонот му се јавил Спасителот Исус Христос со истиот знак и му рекол да направи војнички знак како тој што го видел на небото, да го носи пред војската и ќе го победи многу посилниот непријател. Утрото им го раскажал сонот на своите пријатели и веднаш повикал златари за да го направат крстот онака како што тој им го опишал. А неговиот опис бил следниов: На копје покриено со злато имало пречник што со копјето правел крст. На врвот од копјето имало венец од злато и бесценети камења, а на венецот првите две букви од Христос: Хр. Овие две букви подоцна царот ги носел на шлемот. На пречникот висела тенка пурпурна ткаенина навезена со злато и покриена со бесценети камења. На копјето под самиот крст, на горниот дел од ткаенината биле насликани во разни бои ликовите на царот и неговите деца.

За подостоинствено празнување на празникот, но и за оддавање признание на светиот крст, како и за сочувствување со страдањата на Спасителот Исус Христос Светата црква го одредила овој ден како тежок празник и како строг пост.

ИЗДВОЕНИ