Властите на Сардинија го затворија воздушниот простор над градот Олбија поради големиот пожар кој избувна во близина на аеродромот „Олбија коста смералда“.
Тој аердром, сепак, остана отворен, а многу авиони полетаа дури и по избувнувањето на пожарот, бидејќи водредната состојба важи само за внатрешноста, за подрачјето каде што слетуваат авионите.
Компанијата „Гесар“, која управува со аеродромот, наведува дека дојдовните летови се пренасочуваат кон Каљари, Аргер и Рим, пренесува „Анса“.