Големата награда на Катар во шампионатот во Формула 1 ја освои Макс Верстапен, кој сè уште има шанса да ја одбрани титулата. А кој ќе биде шампион дефинитивно ќе се знае следната недела, кога ќе заврши последната трка од сезоната, во Абу Даби.
Сепак, по вчерашната трка на патеката Лусаил, возачот на Мерцедес, Кими Антонели, добивал смртни закани. Неговиот тим, исто така, објави дека 19-годишниот Италијанец ја сменил профилната фотографија на својот официјален Инстаграм профил во црна откако добил голем број навредливи пораки, од кои некои биле смртни закани.
Што всушност се случило, или поточно која била причината за ужасните закани?
Верстапен ја освои трката во Катар, пред Оскар Пјастре од Мекларен и Карлос Саинц од Вилијамс. Возачот на Мекларен и лидер во генералниот пласман, Ландо Норис од Мекларен, на крајот го освои четвртото место, откако го престигна Антонели во претпоследниот круг, кој заврши на петтото место. Британските медиуми потсетуваат дека инженерот на Верстапен, Џанпјеро Ламбиазе, му рекол на холандскиот возач преку радио на финишот од трката дека „изгледало како“ Антонели „само да застанал и да го пуштил Норис да помине“.
И оттогаш, „лавината“ започна, а Ред Бул исто така проговори за тоа. Како што се вели во соопштението, тие искрено жалат за коментарите дадени за време и по Големата награда на Катар.
– Коментарите дадени пред и по Големата награда на Катар, кои сугерираат дека Антонели намерно го пуштил Норис да помине, очигледно не се вистинити. Снимката покажува дека Антонели моментално ја изгубил контролата врз својот автомобил, дозволувајќи му на Норис да го престигне. Искрено жалиме што ова доведе до злоупотреба на Кими на социјалните медиуми – соопштија од Ред Бул.
— Oracle Red Bull Racing (@redbullracing) December 1, 2025
Во Абу Даби ќе биде решено прашањето за шампионот. Норис го задржа првото место во генералниот пласман на возачи со 408 поени. Верстапен е втор со 396 поени, додека Пјастри е на третата позиција со 392.












