Воведен еднонасочен режим на сообраќај на улицата „Белградска”

40

Изминатиов викенд, екипи на ЈП „Улици и патишта“ Скопје поставија нова вертикална сигнализација за еднонасочен сообраќај на улицата „Белградска“.

– На оваа сообраќајница, во насока од булеварот „Мајка Тереза“ кон улицата „Димче Мирчев“,  согласно со основниот сообраќаен проект, воведен е нов сообраќаен режим за еднонасочен сообраќај – информираа од ЈП „Улици и патишта“.

Од претпријатието апелираат до учесниците во сообраќајот да го почитуваат новото сообраќајно решение на оваа сообраќајница.

 

ИЗДВОЕНИ