Foto: Facebook

Најтрофејниот македонски ракометен клуб Вардар, го промовираше српскиот ракометар Вукашин Воркапиќ како ново засилување на десната крилна позиција.

Воркапиќ е искусно десно крило, кое доаѓа од Војводина, а со Вардар потпиша договор до 2028 година. Тој во текот на кариерата играше и за Металопластика од Шабац и францускиот тим Иври.

„Воркапиќ е сега официјално регистриран и може да настапува за РК Вардар и со нетрпение го очекуваме неговиот придонес во продолжението од сезоната и во европските предизвици“, соопшти Вардар.

Србинот првично требаше да пристигне кај „црвено-црните“ на крајот на сезоната, меѓутоа Вардар успеа да се договори со Војводина и веднаш да добие засилување на крилната позиција.

ИЗДВОЕНИ