вторник, февруари 3, 2026
Дома СВЕТ Вооруженото крило на Хамас ја презема одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим

Вооруженото крило на Хамас ја презема одговорноста за смртоносниот напад во Ерусалим

236
Фото: EPA/ABIR SULTAN

Вооруженото крило на палестинското исламистичко движење Хамас ја презема одговорноста за нападот во Ерусалим во понеделник во кој беа убиени шест Израелци, пренесува „Бета“.

„Бригадите Ал-Касам ја преземаат одговорноста за нападот што се случи во понеделник наутро во близина на раскрсницата на населбата Рамот“, се вели во соопштението.

Шест лица беа убиени, а 12 ранети кога палестинските напаѓачи, според израелските власти, отвориле оган врз луѓе на автобуска станица во Ерусалим.

Израелски војник и цивил убиле двајца од напаѓачите, соопшти полицијата, која подоцна уапси трето лице во врска со нападот.

Нападот на голема раскрсница на патот кон еврејските населби во источен Ерусалим е најсмртоносниот во Израел од октомври 2024 година.

Израелскиот министер за надворешни работи Гидеон Саар рече дека напаѓачите биле Палестинци, а премиерот Бенјамин Нетанјаху го пофали војникот кој ги уби напаѓачите на местото на пукањето.

ИЗДВОЕНИ