Вооружена пресметка меѓу две групи во дворот на болницата во Прилеп: Приведени 13 лица/ВИДЕО

191

Вооружена пресметка меѓу две групи лица се случи во во дворот и околу градската болница во Прилеп, пренесува порталот Маркукуле, кој објави и видео од настанот.

Засилени полициски екипи попладнево се присутни во дворот, но и околу Општата болница со проширена дејност „Борка Талески“ во Прилеп. Според објавата, во судирот било користено и огнено и ладно оружје, а полицијата била принудена веднаш да интервенира за да ја стави ситуацијата под контрола и да спречи поголеми последици.

Од Министерството за внатрешни работи (МВР) излегоа со детали за инцидентот пред прилепската болница.

„Денеска околу 12 часот во Одделението за внатрешни работи (ОВР) Прилеп е пријавено дека пред Градската општа болница „Борка Талески“ во Прилеп настанала физичка пресметка меѓу повеќе лица, употребувајќи дрвени и други предмети“, се вели во соопштението од полицијата.

Иако на местото на настанот се испратени полициски службеници, сепак учесниците во инцидентот не постапиле по нивните наредби да престанат, по што еден од полицајците испукал неколку истрели во воздух од службениот пиштол.

По полициската интервенција, од Секторот за внатрешни работи (СВР) Битола соопштија дека се приведени 13 лица и по целосно документирање на случајот против нив ќе бидат поднесени соодветни пријави.

ИЗДВОЕНИ