вторник, јануари 27, 2026
Дома СВЕТ Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската...

Вооружен маж застрелан, тројца полицајци повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан

50

Вооружен маж е застрелан, а тројца полицајци се повредени во пукање во близина на Израелската амбасада во Јордан, објавија денеска безбедносни извори и државните медиуми.

Полицијата застрела вооружен маж кој пукал во полициска патрола во населбата Рабија во Аман, објави државната новинска агенција, повикувајќи се на јавната безбедност и додавајќи дека истрагата е во тек.

Министерот за комуникации на Владата на Јордан, Мохамед Момани го опиша пукањето како терористички напад, чија цел биле силите за јавна безбедност во земјата.

Тој рече дека во тек е истрагата за нападот. Израелската амбасада е под строг полициски надзор по инцидентот, јавија светските агенции, повикувајќи се на очевидци.

ИЗДВОЕНИ