Воочи средбата со Путин, Трамп има да каже само два збора!

129

„Високи влогови!“ напиша американскиот претседател Доналд Трамп на својата мрежа Truth Social, пред да се качи во авионот „Ер Форс Уан“ и да полета за Алјаска.

Во најголемата американска федерална држава, која Америка ја купи од Русија пред речиси 160 години, Трамп ќе одржи состанок – многу го нарекуваат „историски“ – со рускиот претседател Владимир Путин.

Тоа ќе биде нивна прва средба по шест години, но сега во значително изменети геополитички околности.

Трамп и Путин ќе разговараат за условите за прекин на огнот и мир по повеќе од три години војна во Украина.

ИЗДВОЕНИ