Вонземјаните можат да ги прислушкуваат нашите пораки

18
pexels

Според ново истражување, напредните вонземски цивилизации би можеле да ги прислушкуваат сигналите што ги испраќаме до нашите сонди и ровери на вселенските мисии, а истата техника би можела да се користи за нивно пронаоѓање.

Имено, кога научниците испраќаат команди, на пример, до ровер на Марс да сврти лево, тие испраќаат моќни радио бранови кон соседните планети. Бидејќи целното вселенско летало не го апсорбира целиот сигнал, значаен дел го продолжува своето патување низ длабоката вселена, потенцијално засекогаш, пишува Science Alert.

Научниците од Државниот универзитет во Пенсилванија и Лабораторијата за млазен погон на НАСА (JPL), во студија објавена во Astrophysical Journal Letters, објаснуваат дека секој што ќе се најде на патот на овој „протекувачки“ сигнал би бил во идеална позиција да ги слушне нашите пораки.

„Врз основа на податоци од последните 20 години, откривме дека ако вонземска интелигенција се наоѓа на локација каде што може да го набљудува порамнувањето на Земјата и Марс, постои 77 проценти шанса дека ќе биде на патот на еден од нашите преноси – што е поверојатно отколку да се биде во случајна позиција во случајно време“, вели Пинчен Фан, астроном на Универзитетот Пен Стејт.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Beyond Space (@_beyond.space_)

ИЗДВОЕНИ