Вонредна состојба во пристаништето во Лос Анџелес: Одекна силна експлозија – запален товарен брод со опасни материи/видео

0

Денес во пристаништето во Лос Анџелес е прогласена вонредна состојба откако избувна голем пожар на товарен брод што превезувал опасни материјали, соопштија локалните власти.

Повеќе од 100 пожарникари беа распоредени за да го изгаснат пожарот, но локалните власти изјавија дека нема жртви или повредени, објави „Лос Анџелес Тајмс“.

Пожар на електрична енергија беше пријавен во 18:38 часот по локално време под палубата на контејнерскиот брод „1 Хенри Хадсон“, долг 330 метри, а експлозија се слушна кратко пред 20 часот, соопшти противпожарната служба на Лос Анџелес.

Опасни материјали беа складирани во неколку товарни контејнери кои беа зафатени од пламен, а сите пожарникари носеа заштитни одела и маски за кислород.

Специјално обучени тимови за опасни материјали го следат квалитетот на воздухот додека продолжуваат напорите за локализирање на пожарот на долните палуби на бродот. Според „Вестидел“, товарниот брод што се запали пловел под знамето на Панама и пристигнал во пристаништето во Лос Анџелес од Токио.

Во изјава на нејзиниот профил на платформата „Икс“, градоначалничката на Лос Анџелес, Карен Бас, изјави дека градските власти „внимателно ја следат ситуацијата“, пренесе „Танјуг“.

ИЗДВОЕНИ