Фото: X Forecast Weather Greece

Тешка е состојбата во западна Грција, бидејќи лошото време предизвикаа силни поплави и лизгање на земјиштето. Властите активираа предупредувања на островот Крф и Етолија-Акарнанија, апелирајќи до граѓаните да избегнуваат патувања.

Силни поплави и лизгање на земјиштето беа регистрирани во северниот и централниот дел на Крф преку ноќта, што го направи пристапот до многу училишта опасен. Како резултат на тоа, сите училишта и градинки на островот се затворени. Слични мерки се воведени и во други делови од западна Грција: општините Ксиромеро и Андравида-Килини ги суспендираа сите образовни институции, со предупредувања за понатамошно влошување на временските услови.

Ситуацијата е особено драматична на Крф. Реката во областа Потамос достигна ниво до патот, а проблеми се пријавени и во Агиос Јоанис и Кокини. Во Кира Хрисику, паднато дрво го блокираше сообраќајот, додека некои згради и раскрсници се поплавени. Лет на компанијата „Аегеан“ од Атина мораше да се врати поради неможноста за слетување на островот.

Бурата влијае и на други региони. Жителите на Етолија-Акарнанија добија итна тревога преку мобилни телефони, додека поплави и лизгање на земјиштето беа пријавени во Зевгараки, Агринио, Ривио, Халикија и Теспротија.

Според meteo.gr, во четврток се очекуваат обилни дождови и бури на Јонските острови, западното копно, Пелопонез и Тракија, со можност за град. Дожд и бури се очекуваат и во остатокот од земјата, вклучувајќи ги Атина и Солун. Јужните ветрови од 6-8 бофорти и транспортот на прашина од Африка дополнително ќе ги влошат условите.

Лошото време продолжува и во петок, кога најсилните врнежи од дожд и бури ќе го погодат источниот Егеј и Додеканезите, со многу силни јужни ветрови и зголемена прашина во атмосферата.

ИЗДВОЕНИ