Општина Гази Баба викендов започна со спроведување на вонредна дератизација, дезинсекција и дезинфекција на нејзината територија, поради алармантната состојба со сметот. Опфатени се сите места каде што има контејнери и каде што се создавале диви депонии.
–Истовремено се поставуваат мамец-куќички за поефикасна дератизација и заштита на здравјето на граѓаните – информираат од локалната самоуправа.












