По насока на министерката за енергетика Сања Божиновска, за претстојниот празник 1 Мај повторно ќе се активираат мерките што беа применети од страна на операторот на електропреносниот систем МЕПСО и Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги (РКЕ) за време на велигденските празници, со цел да се обезбеди стабилен и сигурен електроенергетски систем.
Одлуката, соопшти Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена на вонреден состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.
Одлуката, објави Министерството за енергетика, рударство и минерални суровини, е донесена на итен состанок на министерката Божиновска со претседателот на РКЕ, Марко Бислимоски, и заменик-генералниот директор на МЕПСО, Александар Пауновски.
“Овие два дена во Атина, каде што се одржува Балканскиот енергетски самит, разговаравме со колегите од регионот и се координиравме околу мерките што сите земји мора да ги преземат за стабилен систем.”
“Како што веќе информиравме, со координација меѓу сите клучни енергетски чинители и по насока на ENTSO-E, МЕПСО веќе примени дел од тие мерки за велигденските празници и успеавме да го неутрализираме ризикот од блек-аут – граѓаните имаа непречено снабдување со електрична енергија.”
“Проценките се дека ваквата состојба ќе продолжи и за престојните првомајски празници и затоа е неопходно овие мерки повторно да се активираат”, изјави министерката Божиновска.
Оваа мерка, која за прв пат беше употребена за време на велигденските празници, вклучува привремено исклучување на фотоволтаични централи со цел да се растерети електроенергетската мрежа и да се овозможи безбедно управување со системот во услови на зголемени флуктуации и оптоварување.
Според мерките, ќе се применуваат корективни диспечерски интервенции, односно привремено и наизменично исклучување на дел од фотоволтаичните централи поврзани на преносната и дистрибутивната мрежа, со што МЕПСО ќе има целосна можност да управува со системот и да ја гарантира неговата стабилност, информира МЕР.