„Волстрит џурнал“ може да му плати на Трамп 10 милијарди долари за наводна клевета во врска со Епстајн

36

Претседателот на Соединетите Американски Држави, Доналд Трамп, поднесе тужба против „Волстрит џурнал“ и неговиот сопственик Руперт Мардок, барајќи отштета до 10 милијарди долари поради статија за наводна честитка за роденден што американскиот претседател му ја испратил на покојниот финансиер и сексуален престапник Џефри Епстајн.

Трамп тврди дека наводите во статијата на „Волстрит џурнал“ се лажни.

Минатата недела, „Волстрит џурнал“ објави статија во која се тврди дека името на Трамп се појавило на „непристојна“ честитка за роденден што наводно му ја испратил на Епстајн во 2003 година, по повод неговиот 50-ти роденден. Ова било во време кога Епстајн сè уште не бил обвинет за сексуални злосторства.

Според статијата на весникот, како што пренесува Би-Би-Си на српски, честитката содржела неколку реда отчукан текст врамен со контура на гола жена, која наводно била рачно нацртана со дебел маркер.

Наводно, честитката завршувала со реченицата: „Пријателот е прекрасно нешто. Среќен роденден – и нека секој ден биде уште една прекрасна тајна.“

На сето ова, Трамп остро реагираше, велејќи дека весникот и неговиот сопственик Руперт Мердок биле однапред предупредени да не ја објавуваат приказната, за која тој вели дека е „лажна, злонамерна и клеветничка“, додавајќи дека биле јасно предупредени дека ќе бидат тужени ако го сторат тоа.

ИЗДВОЕНИ