„Војната заврши, не верувам дека некогаш ќе пукаат едни на други“, вели Трамп

161

Иран ги нападна американските воени бази во Катар и Ирак како одговор на бомбардирањето на неговите нуклеарни постројки.

Катар потврди дека една иранска ракета ја погодила американската воздухопловна база Ал Удеид на негова територија без да предизвика жртви или штета, додека останатите 17 проектили биле пресретнати и паднале во морето.

Американскиот претседател Доналд Трамп на социјалната мрежа Truth Social објави дека Израел и Иран се договориле за целосен прекин на огнот.

На прашањето колку долго ќе трае прекинот на огнот, американскиот претседател му рече на новинарот на NBC: „Мислам дека тоа е неодреден прекин на огнот. Ќе трае вечно“.

Тој го поздрави прекинот на огнот како „голем ден за Америка“ и „голем ден за Блискиот Исток“. „Многу сум среќен што ја завршив работата“, додаде тој.

„Многу луѓе умираа, а тоа само ќе се влошува. Тоа ќе го сруши целиот Блиски Исток“, рече тој.

На прашањето дали војната е целосно завршена, тој одговори: „Да. Не верувам дека некогаш повторно ќе пукаат еден во друг“.

ИЗДВОЕНИ